ЦЕЕД Македонија и Проектот на УСАИД за Факторинг, имплементиран од Фактор Труст, на 28-ми ноември организираат отворен интерактивен настан каде што ќе се зборува на темата Факторингот во функција на поддршка на растот на компанијата. Настанот ќе се одржи во хотел Холидеј Ин со почеток од 12:00 до 14:00 часот, по што ќе следува едночасовен networking.

Факторинг е финансиска услуга којашто во последните 10 години доживеа раст и зголемување на прометот, како кај малите и средни претпријатија, така и во големите компании. Најголемиот интерес се појавува поради зголемување на обемот на продажбата на компаниите, целосно осигурување на побарувањата, рамка на континуирано финансирање, предвремено плаќање на обврските со дисконт и поради небанкарското финансирање. Тој ја подобрува ликвидноста на компаниите и ја подобрува безбедноста на продажбата. Кога клиентот ќе се одлучи да користи факторинг за повеќе свои купувачи, односно да го нуди целото портфолио за факторинг, неговата ликвидност значително ќе се подобри и како резултат на тоа може да го зголеми своето производство и продажба.

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со придобивките од факторинг, како што се: заштеда на време, помош во губење паричен тек и финансиско планирање, подобрување на ликвидноста, сметководствени бенефиции итн.

Освен членовите на ЦЕЕД Македонија, за учество можат да се пријават сите сопственици и менаџери на мали и средни компании на следниов линк.