Американската централна банка (ФЕД) објави дека ги задржала каматните стапки во опсег од 5,25 до 5,5 отсто. Федералниот комитет за отворен пазар на централната банка вели дека внимателно ќе ги процени дојдовните податоци, развојните изгледи и рамнотежата на ризиците, но не очекува „соодветно“ намалување на опсегот на каматните стапки додека не добие поголема доверба дека инфлацијата се движи кон два проценти .

Банката на федерални резерви ќе продолжи да го намалува своето поседување на американски државни, агенциски обврзници и хартии од вредност поддржани со хипотека, се вели во извештајот, а при проценката на соодветната позиција на монетарната политика, Комитетот ќе продолжи да ги следи импликациите од дојдовните информации за економските изгледи.

ФЕД би бил подготвен соодветно да ја прилагоди позицијата на монетарната политика доколку се појават ризици кои би можеле да го попречат постигнувањето на целите, се додава. Проценките на Комитетот ќе земат предвид широк опсег на информации, вклучувајќи ги толкувањата на условите на пазарот на труд, инфлаторните притисоци и инфлаторните очекувања, како и финансиските и меѓународните случувања.