Федералните резерви на САД објавија дека сите 23 поголеми банки успешно го поминале стрес-тестот за 2021 година.

„Федералните резерви спроведоа три стресни тестови во текот на изминатата година со неколку различни варијанти на хипотетички рецесии и сите потврдија дека банкарскиот систем е во силна позиција да го поддржи тековното закрепнување на економијата“, рече Рандал Кварлес, потпретседател на Федерални резерви.

Големите доверители беа тестирани со употреба на хипотетички економски пад што вклучуваше скок на невработеноста на повеќе од 10%, 4% намалување на БДП од четвртиот квартал на 2020 година до третиот квартал на 2022 година и пад на цените на акциите со 55 проценти.

Доколку ваквото сценарио се реализираше, банките „колективно ќе изгубеа повеќе од 470 милијарди долари“, но нивниот сооднос на адекватност на капиталот ќе падне на 10,6%, што сепак ќе биде повеќе од двојно поголем од основниот ризик за минимални побарувања за капитал, соопшти ФЕД.