Директна последица е падот на цената на лешниците.

Италијанската мултинационална компанија „Фереро“, која ја произведува познатата „нутела“, контролира 30% од светскиот пазар за одгледување лешници, а во Турција, која е прва во светот, производството на лешници е целосно под контрола на италијанската фабрика, пишува „Манифест“.

Како мнозински сопственик, „Фереро“ со својата политика успеа да ја намали цената на производите во Турција и со тоа да ја елиминира конкуренцијата на голем број мали производители.

Директната последица, пишува весникот, е пад на цените на лешниците, но и на платите на вработените кои се претежно сириски бегалци, и на многу деца меѓу нив.

Весникот потсетува дека меѓународната организација која се бори против ропската експлоатација на работници, „Антиславер“, веќе го обвини „Фереро“ поради условите за работа и платите на малолетни деца кои работат на полиња во сопственост на мултинационалната компанија.

Истите обвинувања доаѓаат и за однесувањето на компанијата во Гана и Брегот на Слоновата Коска, африкански земји каде Фереро поседува големи фарми за какао.

Организациите за зачувување на природата го обвинуваат Фереро за проширување на производството на само една култура, какао, во тие земји, што драматично ја уништува рамнотежата на локалниот екосистем.

Фабриката „Фереро“ е основана пред 75 години во италијанскиот град Алба.

Денешниот сопственик е внук на основачот Џиовани Фереро, а со текот на годините компанијата успеа да се прошири на меѓународниот пазар и да вклучи во нејзина сопственост големи производители на слатки како „Нестле“, „Келогс“, „Фокс“ и многу други , како и големи фарми за производство на какао во Еквадор, Гана, Брегот на Слоновата Коска. Компанијата има и индустриски погони во осум други земји низ светот, вклучувајќи ги Кина и Русија.