Италијанско-американскиот производител на автомобили „Фиат Крајслер“ ќе инвестира две милијарди евра во фабрика во Тичи, Полска, за да ги опреми за производство на хибридни и електрични модели, изјави во вторникот полскиот вицепремиер Јарослав Говин.

„Современите, хибридни и електрични автомобили од марките Jeep, Fiat и Alfa Romeo ќе започнат да излегуваат од фабриката во Тичи во 2022 година“, напиша Говин на Твитер.

Fiat Chrysler, кој планира спојување од 38 милијарди долари со францускиот ривал PSA и создавање на четвртиот најголем производител на автомобили во светот, рече дека подготовките за проширување и модернизација на фабриката започнале веќе во втората половина на оваа година.