Овчарите ќе добиваат субвенција од по 600 денари за животно доколку имаат стадо од најмалку 30 овци. По 1.400 денари им следува ако го продале своето производство на месо и млеко во кланични капацитети или млекарници. За предаденото млеко ќе се добиваат по 6 денари за литар за најмалку 300 литри месечно …

По 600 денари за животно ќе добиваат овчарите кои имаат минимум 30 обележани овци и ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година, а по 1.400 денари за оние кои го продале своето производство на месо и млеко во кланици или млекарници.

Истата субвенција ја добиваат и одгледувачите на најмалку 10 кози.

Производителите на овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на ситен добиток кои сопственото производство го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или е искористено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет од октомври 2022 до декември 2023 година, ќе добиваат по 6 денари за литар.

Минималната прифатлива количина за која ќе се добиваат субвенции изнесува 300 литри месечно по земјоделско стопанство.

Дополнителни субвенции следуваат и за предадено јагне или јаре. Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои тоа го направиле во регистриран кланичен капацитет во периодот од 1 јануари 2023 година до 25 декември 2023 година.

Висината на овие дополнителните директни плаќања изнесува 400 денари за животно.