Европската комисија го повтори барањето до Италија дека од Светата столица бара да го наплати преостанатиот данок на недвижен имот (ИЦИ), која како што е проценето во 2018 година, изнесува околу 4,8 милијарди евра, вклучувајќи камати и правни казни заради доцнење, пренесува Јутарњи лист.

Ова се однесува на недвижниот имот на Ватикан во Италија, кои не се во функција на верски обреди.Тој данок Светата столица не го плаќала (делумно или целосно) од 2006 до 2011 година.

Европскиот суд на правдата и наложи на Италија уште пред пет години да бара од Ватикан наплата на тој долг. Светата столица во 2019 година и плати на Италија заостанати 9 милиони евра, но за директни даноци на недвижнини во општините/

Телата на Унијата сметаат дека не е клучно дали сопственикот или закупецот на недвижен имот е непрофитна институција, туку ако во неа  има одредена комерцијална активност како сместување, наплата на билети и слично.

Плаќањето сигурно нема да биде брзо и Италија, се чини, нема намера да ги бара сите неплатени 4,8 милијарди евра. Пред пет години се говореше дека на Ватика треба да му се понуди договор со кој голем дел од долгот ќе се прости, па ќе мораат на рати да платат 20-25 проценти од долгот, намален за камите и правните казни заради одложувањето. Така долгот би изнедувал околу 3 милијарди евра.

Сепак, тоа би било неиздржлив финансиски удар за Светата столица, можеби и колапс, затоа што нивниот биланс е во дефицит, по три тешки пандемични години. Тоа го нагласи и Секретаријатот за економијата на Ватикан.