АФД со задоволство му посакува топло добредојде на финансиското друштво КРЕДИ ЈЕС. Креди Јес ДОО Скопје е финансиско друштво кое работи врз основа на решение издадено од Министерство за Финансии на Република Северна Македонија 13-7340/4 од 31.10.2019 година. “Финансиското Друштво Креди Јес нуди брзи и поволни потрошувачки кредити со флексибилни рати и без скриени трошоци. Транспарентност, почит кон клиентите, квалитетна услуга и брзина се наш приоритет при секоја наша услуга. Со приклучување кон АФД и учество во активностите на Асоцијацијата сметаме дека повеќе можеме да придонесеме за развој на Финтек индустријата во Северна Македонија – изјавија директорите на Креди Јес, Борислав Стефанов Георгиев и Ивајло Михајлов Инџов.

Генералниот Секретар на Асоцијацијата, Јана Никодиновска ги охрабрува небанкарските финансиски друштва да и се придружат на Асоцијацијата за да работиме на унапредување и развој на Финтек индустријата: „Асоцијацијата ја формиравме како платформа за дијалог и соработка со регулаторот за дефинирање на стратегија за развој на Финтек индустријата, за да работиме заеднички на унапредување на финансиската писменост и транспарентност, не само на небанкарските финансиски институции, туку и на целиот финансиски сектор во Северна Македонија.“

Асоцијацијата на Финансиски Друштва на Северна Македонија ги соединува компаниите за финансиска технологија, исто така позната како FinTech, и други организации кои работат надвор од банкарскиот сектор, давајќи финансиски услуги на жителите на Северна Македонија. Мисија на асоцијацијата e да се создаде одговорна пракса, со цел долгорочна соработка и позитивна оценка од страна на потрошувачите и институциите за регулирање на пазарот, истовремено објаснувајќи ги на пошироката јавност различните можности што може да ги обезбедат финансиските друштва кои користат FinTech за развој на поединци и на општеството како целина. Асоцијацијата е формирана со цел да го надгледува секторот за финансиски друштва и да го промовира неговиот развој.