Диме Галапчев и Ивица Атанасовски се коосновачи на стартапот FinqUp, кој развива едноставна инвестициска алатка со која секој лаик за финансии ќе може лесно да направи инвестиција, да оствари профит и да направи донација.

Диме и Ивица имаат повеќе од една декада искуство во индустријата, eдниот како претприемач и другиот како трговец-инвеститор кои резултираат со уникатна позиција да можат да го развијат и лансираат FinqUp. Галапчев, во интервју за Иновативност, најавува дека апликацијата треба да биде готова до крајот на годината, а замислата на двајцата креатори е да биде достапна секому и секаде.

Новинар – Сања Наумовска

Диме, вашата апликација FinqUp е опишана како инвестициска алатка за обични луѓе. Објаснете ни што значи тоа?

Пристапот до професионално менаџирани инвестиции секаде во светот до сега беше резервиран само за богатите. Ова претставува голем проблем за сите што не можат да си дозволат професионален совет и се приморани самите да тргуваат или да инвестираат. Од досегашното искуство ваквите ситуации значат дека над 90 отсто од луѓето ќе ги изгубат своите средства кои ги инвестирале. Ние, со апликацијата FinqUP сакаме секому, на едноставен начин. Секому ми овозможуваме со минимален депозит да може да ги распореди своите средства за инвестиции низ поголем број на професионални портфолио менаџери.

Во која фаза е развојот на апликацијата во моментов и како планирате да функционира?

Бета верзија од апликацијата е речиси готова и планираме да биде лансирана до крајот на годинава, секако под услов да нема поголеми поместувања во нашиот бизнис план и барањата на инвеститорите со кои работиме.

Што се однесува до нејзината функција, FinqUP е замислена како независна апликација која ќе се поврзува со најдобрите брокерски куќи од светот и ќе ги филтрира најдобрите портфолио манаџери кои што работат под нив. Истовремено, FinqUP ќе го автоматизира процесот и бирократските процедури и ќе им овозможи на нашите клиенти да можат да инвестираат со еден клик.

Какви бенефити се очекува да им донесе на сите кои планираат да инвестираат?

Очекуваме FinqUP да придонесе за огромно олеснување на процесите при инвестирање. Со употребата на апликацијата секој што ќе сака да инвестира нема да има потреба од експертско знаење, ниту ќе биде принуден самиот да чита графикони, економски календари и слични активности. Процесот на инвестирање со апликацијата е речиси комплетно автоматизиран, а работата на инвеститорот е само да го одбере нивото на ризик и каде евентуално би сакал да одат донациите. Останатото го правиме ние. Тоа значи дека го градиме неговото портфолио, отвораме и затвораме позиции, менаџираме отворени инвестиции, вршиме стратешка диверзификација и слични услуги кои во 90 отсто од случаите не се достапни за инвеститори со мал капитал.

Остатокот од статијата можете да го прочитате на следниов ЛИНК