Финската Влада одлучи да не го продолжи пилот проектот за исплата на основен приход кој привлече големо внимание во светската јавност. Во моментов две илјади невработени Финци месечно добиваат исплата во висина од 560 евра како основен доход.

Според некои, основниот приход е начин вработените привремено да се вработат. Главниот аргумент беше дека ако им се плати на сите без исклучок, основниот приход ќе гарантира сигурност. Тоа би можело да помогне за прашањето на се поголемата несигурност на работниот статус.