Фолксваген се здружи со Амазон за да создаде “индустриски облак”.

Компаниите открија вчера дека работат на комбинирање на податоци од машини, постројки и системи од 122 објекти на автомобилскиот гигант. На крајот, се очекува системот да го интегрира глобалниот синџир на снабдување на Фолксваген, кој вклучува повеќе од 1.500 материјали и 30.000 локации. Овој потег е дел од планот на произведувачот на автомобили за зголемување на продуктивноста во светот за 30% до 2025 година.