Германското пензиско осигурување организира советодавни денови во Македонија, на кои сите заинтересирани лица преку индивидуален разговор може да добијат информации во врска со германското и македонско пензиско право.

На 29 и 30 ноември 2023 година, во Фондот на ПИОМ, се одржуваат советодавни денови помеѓу претставниците на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Германскиот носител за социјално осигурување.

Денеска советодавните денови се одржуваат во Скопје, во Стручната служба -Централа, додека утре, на 30 ноември, ќе продолжат во Филијалата на Фондот во Гостивар.