Популарниот деловен магазин Форбс составил листа од најпосакуваните компании за работа во 2020 година, а во тоа му помогнала компанијата за истражување на пазарот „Статиста“.

Тие анкетирале 160.000 работници од 58 земји кои работат во интернационални компании, со цел резултатите да бидат веродостојни. Анкетите биле спроведени од јуни до јули, а од учесниците било побарано да ја оценат својата спремност кога станува збор за давање препораки за компанијата – на пријателите или семејството.

Освен тоа, требало да оценат и колку се задоволни со одговорот на компанијата во која работат на пандемијата и да го оценат својот работодавец врз основа на имиџот, економското влијание на корпоративните активности, развојот на таленти, родовата еднаквост и општествената одговорност.

Конкуренцијата била огромна: во обѕир биле земени дури 750 корпорации кои делуваат ширум светот, со седишта во 45 земји. Од нив се истакнале 10, а ова е редоследот од најдобро до најлошо оценетата компанија:

1. Самсунг електроникс

2. Амазон

3. ИБМ

4. Мајкрософт

5. ЛГ

6. Епл

7. Адоб

8. Алфабет (Гугл)

9. Сименс

10. Бош