Над 70 граѓански организации од земјава се приклучија на неформалната Мрежа за финансиска одржливост на граѓански организации (ГО) со цел да застапуваат поволни промени и законски измени во даночниот третман на граѓанските организации; даночните олеснувања за донации и спонзорства за ГО и поврзување со статусот на организации од јавен интерес; сметководствениот систем за непрофитни организации; статусот на ГО како работодавачи итн.

Според претставниците на граѓанските организации, финансиската одржливост е клучен предизвик со кој се соочуваат во нивното работење. Менувањето на правната околина во која функционираат би можело да придонесе за градење одржливи граѓански организации што нудат решенија за предизвиците во заедниците.

Вкупно 73 граѓански организации се членки на неформалната Мрежа за финансиска одржливост.

Согласно последните податоци активни организации можат да се сметаат оние кои поднеле завршна сметка или поднеле изјава, а тоа се вкупно 4.148, т.е. 1,497 организации поднеле завршни сметки, а 2,651 поднеле само изјава/одлука во 2015 г.