ПАРИЗ (Ројтерс) – Франција ќе разговара со Германија за начините за промена на европските правила за конкуренција, во услови на неизбежно вето на ЕУ за планираниот договор помеѓу Сименс и Алстом, рече францускиот министер за финансии, Бруно Ле Маир.
“Сегашните правила на ЕУ се застарени”, изјави Ле Маир за телевизија Франција 2.
“Можеше да има друго толкување на правилата и јас ја оспорувам техничката анализа направена од Европската комисија”, додаде францускиот министер.