swiss francs, money and currency of switzerland

Неодамнешните превирања на пазарите резултираа со аверзија на инвеститорите према ризик. Многу од нив го “паркираа” сопствениот капитал во сигурното засолниште Швајцарија и на тој начин креираат нов залет на франкот. Во однос на доларот франкот зајакна за речиси 4 проценти. Во наредните месеци франкот може да продолжи да добива на вредност, тврдат експертите.

Пред се, берзите најверојатно ќе продолжат да варираат и кај инвеститорите ќе расте побарувачката за сигурни инвестиции, како швајцарскиот франк.  “Верувам дека франкот ќе зајакне”, изјави Felix Adam, основач и претседател на ACT Currency од Цирих.

Причината за ова пред се е падот на вредноста на другите валути. Особено во Европа и Азија, каде многу централни банки се обидуваат да ја ослабнат својата валута, затоа што тоа ги прави нивните стоки поевтини во странство и на тој начин се поттикнува извозот и економијата.

Централната банка на Швајцарија има мал простор за маневрирање. Таа веќе ја намали цената на депозитите до минус 0,75 проценти, а со продолжување на политиката на пониски каматни стапки, може да ризикува да започне јуриш на готовина, тврди аналитичарката на Commerzbank Antje Praefcke.

Централната банка на Швајцарија е свесна дека нејзините раце се врзани, но не ја исклучува можноста за интервенција на девизниот пазар кога тоа би било потребно, со цел да го ослабне франкот во однос на еврото или доларот.