Глобалната платформа што ја користат фриленсерите или хонорарците, Payoneer објави студија која покажа дека ковид-19 донесе краткорочно забавување на растот на приходите за оваа група работници, но тој раст се врати уште посилен и дека приходите пораснаа за 28% во јуни. 

Според извештајот, во март 2020 година, 32 проценти од анкетираните хонорарни преведувачи изјавиле дека побарувачката за нивните услуги значително се намалила, а 53 проценти очекувале скок на побарувачката по пандемијата.

Во јануари имаше пад од минус девет, во февруари од минус седум, а во март пораст од осум проценти, во април од 17 проценти, во мај малку понизок, околу 15 проценти и во јуни од 28 проценти.

Водечки по бројот на фриленсери / хонорарци се Филипините, Индија, Јапонија, Австралија, Хонг Конг, Мексико, Канада, Пакистан, Аргентина и Шпанија.

Одговорниот за маркетинг на Payoneer, Џони Стил, оцени дека првата половина на 2020 година е „удолница“ за светската економија и дека, како и другите индустрии, сите го почувствуваа влијанието кога пандемијата првично се појави, но дека враќањето е „зачудувачко“.