Собранието на акционери на фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври“ АД Куманово на седницата закажана за 11.03.2021 да донесе одлука за задолжување на друштвото, заложување на недвижен и подвижен имот и обезбедување со меници, пишува во предлог одлуките за претстојното Собрание објавени преку Македонската берза.

„Се дава согласност за задолжување на друштвото врз основа на договор за  рамковен револвинг кредит-лимит врз основа на заложно право, на износ од 8.000.000 евра со рок до 04.02.2026 година склучен помеѓу Комерцијална Банка АД Скопје како доверител и Фабрика за заварени цевки и профили „11 Октомври“како должник – корисник“ , пишува во предлог одлуката.

Се предлага заради обезбедување на побарувањето на Комерцијална Банка АД Скопје врз основа да се заснова заложно право врз следниот имот: нова фабрика за цевки со вкупна површина од  48.190 м2, стара фабрика за цевки, со вкупна површина од  51.000 м2 како и опрема  и машини.

Исто така, се бара согласност заради обезбедување на побарувањето на Комерцијална Банка АД Скопје врз основа на договорот за кредит друштвото да издаде 3 бланко бланко сопствени акцептирани меници со менична изјава – согласност банката да ги пополни и употреби за наплата на своите побарувања без протест.