Цената на гасот во Европа достигна рекордно висока цена и денеска, првпат во историјата, се искачи на илјада долари за илјада кубни метри гас.

Гасот што треба да се испорача во октомври на холандската берза се тргуваше за 1.031,3 долари за 1.000 кубни метри, што е пораст од над 11 проценти за еден ден.

Директорот за природни ресурси и артикли во компанијата „Фич“, Дмитриј Мариченко најави дека е можен понатамошен раст на цената на гасот ако зимата биде многу студена и ако има дефицит во понудата.

Тој додаде дека растот на цената на гасот е и рефлексија на актуелната конкуренција помеѓу европските и азиските купувачи на течниот природен гас, малите резерви во европските капацитети за складирање гас и недоволното зголемување на испораките на најголемите снабдувачи на гас во Европа, пред се „Газпром“.