Рускиот енергетски гигант Газпром во понеделникот соопшти дека затвора уште една турбина на гасоводот Северен тек 1 заради одржување, што ќе доведе до намален проток на гас од среда.

Побарувачката за проток на руски природен гас до Германија преку гасоводот Северен тек 1 е речиси преполовена утрово во 8:00 часот по средноевропско време (CET), покажаа податоците од операторот на гасоводот.

Номинациите изнесуваа вкупно 14,42 милиони киловат-часови (kWh/h) за периодот од 8:00 до 9:00 часот по средноевропско време, што е намалување од нивото над 27 милиони kWh/h порано, објави Ројтерс.