Доколку Берлин во овој момент ја прекине изградбата на гасоводот „Северен поток 2“, Германија ќе се соочи со судски спор и одредени загуби, изјави министерот за екологија на таа земја Свења Шулце.

Како што рече таа, одлуката за изградба на овој гасовод е донесена пред многу години, а во моментов проектот е во последната фаза откако практично е изграден и одобрен „Северен поток 2“ од правен аспект.

„Меѓутоа, ако сега го запревме проектот, ние би си наштетиле и најверојатно ќе се сретнеме со судски постапки“, истакна таа, пренесува РНД.

Проектот „Северен поток 2“ подразбира изградба на две гранки на гасоводот, чијшто вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија.