Германската влада не се откажува од можноста да преземе удел во клучните компании поради епидемијата на коронавирус, соопшти министерот за економија.

Тој додаде дека во подготовка се и милијарди евра помош за работниците и компаниите.

„Слични прашања во врска со технолошкиот и економскиот суверенитет можат да се појават во случај на криза предизвикана од коронавирус“, рече министерот Питер Алтмајер за Дер Шпигел.

Засега не се разгледува поширок бран на национализација, но можеби на фармацевтскиот сектор, кој се снабдува со лекови од Азија му е потребна помош, објаснува министерот.

Одделно, неименувани извори за ДПА информираат дека министерот за економија и министерот за финансии Олаф Шолц планираат милијарди евра финансиска помош за компаниите и работниците погодени од епидемијата.

Одложување на наплатата на даноците треба да биде составен дел од пакетот со цел да се отстранат проблемите со протокот на пари за компаниите.

Германскиот парламент денес усвои голем број мерки во забрзана постапка, со кои треба да се обезбеди додаток на платата за работниците кои работат на одредено време.