Германскиот министер за труд Хубертус Хајл е подготвен на разговори за воведување солидарен месечен приход, што може да значи евентуално укинување на социјалната помош за невработени во земјата.

 

 

 

Солидарниот месечен приход би бил заработувачка за оние лица кои се занимаваат со таканаречена слободна општествено-корисна работа.

 

 

 

Таа работа досега не била платена. Целта на иницијативата е да се финансира „учество“, а не „изопштување“, да може во време на модернизација и дигитализација да зајакне општествената кохезија. Солидарниот месечен приход, за разлика од безусловната месечна заработка, значи дека на невработените граѓани парите не им се даваат толку лесно, туку тие за возврат треба да работат за државата.

 

 

 

Станува збор за работи кои ги обезбедуваат општините, но не смеат да им бидат конкуренција на занимањата што се нудат на нормалниот пазар на труд. Тоа се работи околу грижа за деца во приватни станови и куќи, грижа за стари и немоќни лица, помагање на бегалци, совбетување за изхрана, организирање културни манифестации и сличн