germanija- grcijaГерманската влада под никакви околности не се согласува за трета програма за помош на Грција, дури и во случај на постигнување договор помеѓу Атина и нејзините доверители, договор популарно познат како “пари за реформи”, пишува германскиот весник Билд.

Наместо тоа, можно е продолжување на рокот на актуелната програма, која би била проширенена со средства од други програми, како 10,9 милијарди евра првично определени за спасување на грчките банки, за што се уште немало потреба.

Во текстот се додава дека таков развој е можен само доколку Атина се согласи да спроведе значајни реформи, пренесува Ројтерс.

“Ние не сакаме нашите луѓе да страдаат само затоа што оние кои ја водат Грција не си ја вршат својата работа,” Билд цитира член на германската влада.

Германскиот весник пишува дека канцеларката Ангела Меркел се соочува со растечки противења во рамките на владејачка конзервативна коалиција во однос на распределување на дополнителни средства за помош на Грција.

Кредиторите на Атина,  Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, побара од Грција да се согласи со продажба на државниот имот, намалување на пензиите и реформи на пазарот на трудот, изјавија за Ројтерс два неименувани извори запознаени со ситуацијата, додавајќи дека овие барања ги надминуваат “црвените линии” на Грчката влада.

Доколку Грција го прифати планот на доверителите, ќе се деблокира исплата на 10,9 милијарди евра од неискористените средства кои се вратени во Европскиот фонд за финансиска стабилност, што ќе и овозможи на Атина за да ги покрие финансиските потреби во јули и август..