„Комерцбанк“ има во план да затвори повеќе од половина од речиси 1.000 подружници на територијата на Германија до крајот на 2023 година, пишуваат германските медиуми.

Покрај тоа, се планира во оваа група да бидат затворени од 10.000 до 32.792 работни места.

Во овој чекор се вклучени и најавените намалувања минатата есен. Тогаш овој кредитор објави дека ќе затвори 200 филијали и дека ќе го намали бројот на вработени за 4.300 лица, што пак требаше делумно да биде надополнето со отворање на околу 2.000 работни позиции на други места.

Според информациите, концептот на извршниот одбор на повеќе места се повикува на експертското мислење кое сојузната влада како најголем акционер во „Комерцбанка“ го нарача од консултантската компанија „BCG“ во 2019 година.