Кога банкнотите ќе се извалкаат, германската централна банка Бундесбанк, ги пере во вистинска смисла на зборат.

Оваа година, поради поплавите во јули, тие имаат полни раце работа.

Имено, експерти во банката мијат, сушат и проверуваат банкноти. Во исто време, тие мора да бидат брзи за да не се залепат банкнотите една со друга, пишува „Deutsche Welle”.

Оваа година тие имаат полни раце работа бидејќи многу банкноти доаѓаат од поплавените подрачја во западна Германија. Во банката веќе се донесени околу 50 милиони евра.

Исчистените банкноти се враќаат на сопственикот, а оваа услуга на централната германска банка е бесплатна.