По долгогодишно реструктуирање, вклучително и укинување на илјадници работни места, Комерцбанк во Германија сега вработува нови 20.000 работници на кои им нуди до 3.000 евра за почеток на работа.

-До 2034 година банката веројатно ќе има потреба од нешто помалку од 20.000 нови вработени. За да не го намалиме нашето работење, мораме да вработуваме околу 2.000 нови вработени секоја година – околу половина од нив во Германија, а другата половина на локации во странство како што се Лоѓ, Прага, Софија и Куала Лумпур. Само така може ли да го одржиме планираниот број на редовни работни места, кој останува константен на околу 36.000 во целата групација- изјави директорката за човечки ресурси за германските медиуми.

Во источна Европа, банките сега исплаќаат бонуси за нововработените кои изнесуваат меѓу 1.000 и 3.000 евра. Во Германија бонусот за секој нов вработен е 1.500 евра.

Откако ја презеде пропаднатата банка Дрезднер во средината на финансиската криза во 2008 година, Комерцбанка беше првенствено фокусирана на мерките за штедење и отпуштањата.

Набргу по пристапувањето во Комерцбанка, главниот извршен директор Манфред Ноф, кој е на функција од почетокот на 2021 година, најави намалување на 10.000 постојани работни места ширум светот.

– Во изминатите 15 години нè карактеризираат програми за намалување на бројот на вработени. Од преземањето на банката „Дрезднер“ во 2008 година, едно преструктуирање следеше друго -Сега се движиме во сосема поинаква насока. Мораме да привлечеме многу луѓе кои се на пазарот на трудот – и тоа со голема брзина – додаде таа.