Германскиот најголем заемодавач „Deutsche Bank“ призна дека во петокот при рутинска операција, по грешка изврши трансфер од дури 28 милијарди евра, износ поголем и од нејзината пазарна вредност.
Грешката е направена на 16-ти март, кога банката префрли пари на сметка на клиниришката куќа „Eurex“ која е во сопственост на „Deutsche Börse“, стои во изјавата за новинарската агенција „ AFP“ на портпаролот на германската банка.
Имено, банката имала проблем со информатичката технологијата и контрола, а планираниот износ требало да биде многу помал.
Сметководствените грешки се случуваат многу често но сепак во овој случај износот е крајно невообичаен и е поголема од неговата пазарна вредност која е во износ од 24 милијарди евра, истакнува „AFP“.
Грешката е брзо отстранета и не е направена никаква штета, информираат од банката.
Таа сепак го отвара прашањето во врска со системот за управување со ризици и контрола на процесите кои се одвиваат внатре во банката кои требаше да ги подобри поранешниот извршен директор Џон Крајан.