Германската централна банка „Bundesbank“ смета дека не се потребни мерки за олеснување на грчкиот долг и дека наскоро е потребен надзор на Грција за преодниот период по излегувањето на земјата од програмата за финансиска помош, чиј рок истекува во август.

Во месечниот анализа за Грција, „Bundesbank“ забележува дека земјата надминала многу од поставените цели за примарен буџетски суфицит и дека тоа е причина да се смета дека на земјата не и се потребни дополнителни мерки за ублажување на нејзиниот долг.

Германската банка, пак, предупредува на опасноста од реакции на пазарот што ја блокира динамиката на грчките реформи.

Грција потона во финансиска криза во 2010-та година и беше принудена да преговара за три спасувачки пакети досега. За возврат, земјата мораше да протурка тешки реформи кои значително го намалија приходот на многу Грци.

Сегашната и последната програма за спасување се очекува да истече во август, по што Грција планира да започне со финансирање од пазарите.