Најмлад милијардер во светот е Кевин Давид Лехман, 18-годишен тинејџер од Германија. Богатството го има наследено од неговиот татко, кој e ко-сопственик на познатиот ланец на дрогерии dm.

Forbes го процени неговото богатство на 3,3 милијарди евра. dm е водечки ланец на дрогерии во Германија, основан во 1974. Според достапните податоци на нивната интернет страница, само во Германија вработени се повеќе од 41.000 луѓе во 2.000 продавници низ земјата.

Forbes тврди дека ни Кевин Давид, како ни неговиот татко Гунтер не се активно вклучени во управувањето со оваа компанија и многу малку се знае за нив, пишува Business Insider.

На второто место меѓу најмладите милијардери е 24-годишниот Ванг Зелонг од Кина, со богатство од 1,5 милијарди долари.

По него се Норвежанките Александра и нејзината сестра Катарина со богатство од по 1,4 милијарди долари.

Според новата листа на Forbes, светот има 2.775 милијардери повеќе од претходно.