На локацијата на „Бриколаж“ во Скопје се очекува да се отвори првиот маркет на „Лидл“ во Македонија. Се очекува да се случи и официјалната трансакција на постигнатиот договор, а засега нема информации која е постигнатата сума.

Големиот германски трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“, објави Фактор.

Во февруари 2021 година Лидл ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала.

Сопственик е германската матична компанија ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм.

Но субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев.

„Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.