Поголемиот дел од германските компании, поточно 61 отсто, им дозволуваат на вработените да работат од дома, објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Како што е наведено на веб-страницата на Институтот, германските компании им дозволуваат на своите вработени да работат од дома во просек по 6,4 дена месечно, ова е заклучокот од истражувањето спроведено во соработка со компанијата Рандстад, пренесува Танјуг.

„Помалку е веројатно трговските компании и малите фирми да им понудат на своите вработени да работат од дома“, вели експертот на МФО, Јохана Гарниц. Во трговскиот сектор, 34 отсто од германските компании нудат работа од дома, што е значителен пад во споредба со минатогодишните 51 отсто. Вработените во овој сектор работат од дома во просек по 5,7 дена месечно, за 1,3 отсто помалку од лани. Помалите компании до 49 вработени имаат уште потешко да се одлучат за оваа опција, бидејќи 32 отсто од компаниите од оваа категорија нудат работа од дома, а лани имало 46 отсто. Во големите компании ситуацијата е сосема поинаква.

Во компаниите со над 500 вработени, дури 94 отсто од работодавачите нудат работа од дома во просек 7,1 ден од дома месечно, а во компаниите меѓу 250 и 499 вработени – 90 отсто. Средните компании им нудат на вработените 6,2 дена работа од дома месечно.