Нашата визија е да станеме и едукативен центар за млади дестилери, како и омилено место за „дегустаторски“ туризам во едно од еколошки најчистите места во Европа – подвлекува основачот на Гевгелиска дестилерија, Александар Попов.

По неколкугодишно посветено работење и промовирање на крафт-ракијата Гордион Амбер, Гевгелиска дестилерија синоќа ги отвори вратите за првите посетители кои имаа необична можност за уникатно дегустаторско искуство.

Гордион Амбер и местото каде што тој се создава, се сон и визија на Александар Попов, претприемач и ентузијаст, чија желба беше во родниот крај да создаде бренд кој ќе го стави гевгелискиот регион на светската мапа на производители на алкохолни пијалаци со врвен квалитет:

Климатските услови нудат одлични можности за одгледување квалитетни вински и трпезни сорти лозје што е основен предуслов за производство на ракија со врвен квалитет. Гордион Амбер е ракија од прва класа винско грозје што дава чист дестилат со неутрален мирис и вкус при дестилирањето. Кога тоа ќе се стави во добро третирано дрво ги влече неговите ароми и се добива висококвалитетна ракија, зреена на природен начин. Самото дрво ја дава аромата, па добивме зрел производ од самите состојки на дрвото. Затоа е крафт производ без додатоци – истакнува Попов.

Килибарниот шармер Гордион Амбер веќе има свои верни поддржувачи и пријатели дома, а планирани се извози и на странски пазари. Концептот на Гевгелиска дестилерија не се темели исклучиво на производство и продажба на ракија. Таа на своите купувачи им нудат комплетно искуство, кое вклучува дегустација во автентичен амбиент, како и мала едукација преку запознавање со процесот на креирање на висококвалитетната ракија. Понудата наскоро ќе биде отворена и за странски посетители, што ќе значи поддршка на туризмот и економијата кај нас.

Идејата е секој почитувач на нашиот пијалак одблизу да види каде ја создаваме магијата, да ужива во прекрасното природно опкружување и еко-просторот на кој е лоциран објектот. Тоа значи разгалување на сетилото за вкус со совршена органска храна и врвен пијалак. Нашата визија е да станеме и едукативен центар за млади дестилери, како и омилено место за „дегустаторски“ туризам во едно од еколошки најчистите места во Европа – подвлекува основачот на Гевгелиска дестилерија, Александар Попов.

Уникатниот објект и одличната локација на Гевгилиска дестилерија се идеалано место и за организирање на културни и уметнички настани, што повторно е во духот на Гордион Амбер, веќе препознатлив меѓу креативците кои ја почитуваат здравицата „голтка смелост“.