Финансиските друштва се повеќе се застапени во кредитирањето на населението, особено на потрошувачкиот сегмент и на оние лица кои не се во можност да добијат кредит во традиционалниот банкарски сегмент. Овој сектор има 100.000 клиенти физички лица, вредноста на активните договори е 57 милиони денари кај физичките и 18 милиони кон правни лица. Пандемијата придонесе за раст на услугите, но влијаеше на работењето во вториот квартал годинава, кога е забележана загуба.

Ова го покажува истражувњето за Финтек и НБФИ индустријата во Северна Македонија, што денеска беше презентирано онлајн.

– Во земјава има вкупно 27 финансиски друштва, регистрирани се 29, а оперативни 26, вработуваат 1.000 лица, претежно млади, со исплатени плати во износ од 2,5 милиони евра, а придонесот кон економијата 13 милиони евра, рече на презентацијата Маја Кадиевска-Војновиќ, финансиски експерт и поранешна вицегувернерка.

Примарна активнсот им е кредитирањето, а како што наведе ги користат дигиталните канали и нови канали за да допрат до населението и фирмите. Се занимаваат и со факторинг, кредитни картички и издавање гаранции.

– Кредитирањето кон физички лица и фирми од овие финансиски друштва се зголемени за 2,5 пати во бруто кредитите и достигнаа 1,3 отсто во вкупните бруто кредити или 0,7 во БДП во 2019. Вредноста на активните договори е 57 милиони денари за физичките и 18 милини денари кон правни лица. Во однос на 2015 година е за 2,5 пати зголемено кон физичките лица и три пати кон правните лица, истакна Кадиевска-Војновиќ.

Таа додаде дека станува збор за краткорочни кредити со просечна вредност од 260 евра во денарска противвредност, а бројот на клиентите достигна 100.000 физички лица.

Според неа, станува збор за еден сегмент од населнеието кое нема пристап до банкарско финансирање и токму во тоа е згоелмување на фиансиска инклузија и тоа ги прави комплементарни на традиционалните даватели на кредити во економијата

– Имајќи предвид дека одобруваат кредити во мали износи на физички лица, станува збор за потрошувачки цели и тоа за оној сегмент од кредитниот пазар кој ја финансира потрошувачката на населението. Јасно е дека земаат еден сегмент од пазарот и учеството достигна 3,6 отсто во овој сектор, а учеството на банките и штедилниците се намалува, појсни Кадиевска-Војновиќ.

Кадиевска-Војновиќ потенцира дека и овој сектор беше погоден од пандемијата, иако таа придонесе за негов раст. Таа појасни дека со антикризните мерки беа опфатени клиентите на овие финансиски друштва кои ги одложија плаќањата на ратите, 41 отсто од клиентите, а во истовреме тие не можеа да наплаќаат камати и трошоци.

– Во вториот квартал имаме намалување на кредитирањето, особено кон физичките лица и финансиските друштва остварија загуба. Последните податоци покажуваат дека има опоравување и дека заедно со банките, штедилниците и лизинг друштвата, ќе имаат значајна улога во закрепнување на економијата, нагласи Кадиевска-Војновиќ.

Според неа, тие ќе бидат важни за закрепнување на економијата и ќе го покријат она население што беше погодено од кризата, како лица со договори на дела или пријавени на половина работно време.

– Самата криза доведе до значаен раст на финтек индустријата и услугите од неа, особено кај дигиталните  плаќања, дознаки, дигиталното банкарство, дигитална заштеди и депозити, но и кредитирањето. Ова е во светски рамки тренд кој постоеше и пред кризата, но ќе добие на значење во нареден период, потенцира Кадиевска -Војновиќ.

Таа порача дека е потребна долгорочна стратегија за финтек индустриајта, затоа што, како што рече, тоа е иднината.

Филип Димитровски, претседател на Асоцијација на финансиски друштва, истакна дека ваквите истражувања се корисни за индустријата и рече дека ќе работат на подигнување на јавната свест за овие компании и нивните можности.