Милијардерот сер Ричард Бренсон изјави дека кралицата го редефинирала лидерството – живеејќи „живот на служење, залагајќи се за најдоброто од британските вредности, обезбедувајќи благодат и доследност во светот кој постојано се менува“.

Извршниот директор на Епл Тим Кук, рече дека нема „ништо поблагородно од тоа да го посветиш својот живот на служење на другите“.

Основачот на Амазон, Џеф Безос, рече дека „не може да помисли на никој кој подобро ја персонифицира должноста“.

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, изјави дека е почестен што ја запознал кралицата. Тој изрази тага поради нејзината смрт и упати сочувство до кралското семејство и британскиот народ.