Гигантот „Интел“ нема да гради фабрика за чипови во Велика Британија заради новата ситуација со земјата по Брегзит, а тоа ќе биде погубно и за светот, бидејќи во моментов фалат чипови за автомобили и друга стока, јавува МИА. Најголемиот производител на полупроводници смета дека поповолно би му било да отвори фабрика во некоја европска земја, затоа што ќе добие поддршка и субвенции, а веќе разгледува над 70 понуди од десетина земји.

– Се надеваме дека ќе постигнеме договор за место, како и поддршка од ЕУ … пред крајот на оваа година – вели г-дин Гелсинџер, шефот на компанијата.

Компанијата, еден од најголемите светски производители на полупроводници, вели дека кризата покажала дека САД и Европа се премногу зависни од Азија за нивните потреби за производство на чипови. Тоа е она што „Интел“ сака да го смени.

Проширувањето на „Интел“ доаѓа во време кога се очекува глобалниот пазар на полупроводници да се зголеми двојно во следните седум години на околу 800 милијарди долари. „Интел“ ќе вложува до 95 милијарди долари за отворање и модернизирање на фабрики за полупроводници во Европа во следните 10 години, како и за зголемување на производството во САД.

Денес, САД произведуваат само околу 12 проценти од светските полупроводници, додека корејската компанија Самсунг и тајванската компанија за полупроводници (TSMC) сочинуваат 70 отсто од глобалните достави.