Добро рекле, две глави шах не играат. Е, кај нас 18 глави играат шах, затоа се е вака шашардисано и работиме во корист на сопствената штета. 

Прво, би ги издвоил глупостите на параекономскиот тинк-тенк кој по западниот мејнстрим за конвенционално убедување и „љубов на прв поглед“ го крстиле Фајнанс тинк, демек овие ни мислет за финансииве и вие опуштете се… Има кој да Ви мисли за финансиите, ваше е само да ќутите… и робувате, се разбира. Целосно финансиран од странски, економско-окупаторски сили, проповеда агенда која работи за интересите на западните финансиери на истиот. Па таму, дами со презимиња од руско благородништво, раскошни паларии и дупки во знаењето, наполенти со малтер и говна од западниот неолиберализам и монетаристички експанзионизам, ги „ советуваат “ нашиве шупливи водачи да продолжат да даваат неповратни пари за компаниите поради кризата. Си кажуваат некој нивни глупости, за спас на индустриите, дрн дрн, редовна доза мејнстрим глупости, само не кажуваат во анализите кој ќе ги враќа овие пари, кои советуваат да се даваат бесплатно, а жирант е државата. Па ваква леснотија во тресењето глупости немам видено. Видете госпојци и машки госпоѓи од Фајнанс тинк, што доколку вакцините не делуваат? Што ако пандемијата е перманентна неколку години? Што е решението? Перпетуално задолжување? Да дотониме во долгови? Тоа ви го советуваат западните спонзори за да ги будалите нашиве лоботомирани водачи? Сигурно тоа ви викаат да „анализирате“ за да продолжуваме да се задолжуваме во нивните банки и институции… Како инаку би не држеле во робство? Вие сте антинароден елемент со вакви совети… А и секако сте анти-народен со самиот факт што сте странско-финансирани ама глупости тресете домашно… Мислам вие тресете си глупости, за тоа се поставени, проблемот излегува што од вашиве совети се ствараат огромни буџетски дупки. Кои фирми не можат да опстанат со пандемијава, нека пропаднат… Или нека се адаптираат или нека пропаднат. Стариот, добар капиталистички закон. Нема што тука да се финансираат до недоглед. И тоа не кредити, како што советуваат, туку неповратна помош… Така госпојци ќе им барате неограничена помош на спонзорите, сериозна држава ( што сме далеку од тоа ) не може така да финансира…

Второ, поопасно и поапсурдно од првото. Читам сабајлево, ние сме ги отепале од државна помош странскиве окупатори во ТИРЗ-овиве…. Смеам да прашам зошто? За да продолжат да ги држат робовиве? Најголеми приматели на државна помош биле големиве комбинати во работниве логори… Зошто продолжуваме со товење на експлататорот? Ако немаат математика нека си одат… Секако ќе си одат кога кост-бенефит анализата ќе им покаже дека во Микронезија им е посиплатливо. Веќе си одат во Србија и други места. Што ги ланчате толку?

Се е до пристапот, доколку имаш робски менталитет, каков што има овој народ и водство, секогаш ќе останеме робови… Нема идеја и странскиот ТИРЗ окупатор и експлататор го гледаме како месија. До кога бре луѓе? На мултинационални корпорации, каде еднодневно производство им е колку македонскиот БДП годишен, овој напатен народ им префла пари за плати. Абре нека се гонат у три лепе доколку немаат сметка да работат тука… Нема што народот да им плаќа и да ги тови… Ќе се ослободи народот, ќе гради свои бизниси, ќе освојува странски пазари, ќе стане слободен човек… а не вака роб… ТИРЗ роб… Ајде тие што се робови, туку сега сите ние сме гаранти за да им продолжи робството на неосвестениве… Мора ова да прекине… Ова е практично робство… Рисјанскиот народ е поробен во своја држава. Прво е поробен за бенефициите на малцинството со посебни потреби… Второ е поробен со самонаметнати давачки кон ТИРЗ окупаторите… Јасно е зошто некои етноси граделе и воделе, а други пропаѓале и следеле… Првиве го уклучувале мозокот.

 

Наум Димитровски