Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија се државите со кои најмногу сме тргувале во првите два месеца од годината.

Државниот завод за статистика денеска објави дека во овој период вкупната вредност на извозот на стоки изнесувал изнесува 58.104.882 илјади денари и бележи пораст од 6,8 проценти во однос на истиот период  лани, а вредноста на увезената стока изнесува 76. 641.783 илјади денари, што е за 9,3 проценти повеќе во споредба со истиот период лани.

Трговскиот дефицит изнесува 18.536.901 илјадa денари и покриеноста на увозот со извозот изнесува 75,8 отсто.

Изразено во евра, извозот изнесувал 944.181 илјада евра и бележи пораст од 6,9 отсто во однос на истиот период лани, а увозот бил 1.245.393 илјади евра, што е за 9,4 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Трговскиот дефицит бил 301.212 илјади евра.

Гледано во долари, извозот во првите два месеца од годината бил  1.075.052 илјади американски долари и бележи пад од 1 процент, а увозот изнесувал 1.416.730 илјади долари, што е за 1,3 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Трговскиот дефицит бил 341.678 илјади долари.