И најголемите инвестициски банки не успеаја да ја избегнат кризата и продолжија со отпуштање на работници. Американската инвестициска банка Голдман Сакс почна да отпушта извршни директори низ светот, а поради падот на бизнисот, планира сериозно да го намалат бројот на вработени.

Се планира да се отпуштат околу 125 директори. Овие масовни отпуштања се само дел од огромните заштеди на банката, која за помалку од една година мина низ најмалку три круга отпуштања. Имено, Голдман Сакс и другите банки го зголемија бројот на вработени во 2020 и 2021 година во услови на нагло зголемување на спојувањата и преземањата, а сега се борат со падот на надоместоците поради намалениот обем на работа.

И JP Morgan Chase отпушта банкари бидејќи бизнисот забавува, додека Citigroup отпушти стотици вработени оваа година и наводно, планира да го стори тоа со уште 5.000 до крајот на вториот квартал – и тие масовни отпуштања ќе бидат главно во инвестициското банкарство и тргување.