Вредноста на биткоинот вчера падна на околу 41.000 долари што е најниско ниво од крајот на септември, а се смета дека причината е поради „распродажбата“ на криптовалути која е во тек, објави Reuters.

Биткоинот моментално вреди 40.938 долари што е најниско ниво од 29 септември, а во ноември 2021 година вредеше рекордни 69.000 долари.

Криптовалутата опадна поради исклучувањето на интернет во Казахстан. Исто така, на последниот состанок на Федерални резерви на САД е укажано дека поради растот на инфлација може да дојде и до раст на каматните стапки, а поради тоа инвеститорите не вложуваат во ризични фондови.