Македонската берза го објави билтенот за периодот јануари-јуни 2020 година во кој може да се забележи пораст на прометот во однос на првото полугодие од 2019 година.

Имено, годинава во периодот јануари-јуни е остварен промет од 5,8 милијарди денари, што е зголемување од 56,8 отсто во однос на истиот период минатата година кога вкупниот промет изнесувал 3,7 милијарди денари.

При тоа, мора да се земе предвид дека берзата годинава работеше во специфични услови поради кризата од корона вирусот.