Двајца браќа од Јужноафриканската Република исчезнаа со 3,6 милијарди долари во криптовалутата биткоин.

Се сомнева дека тие пари ги добиле со измама преку нивната компанија за инвестирање во криптовалути, пишува Блумберг.

Инвеститорите сега ангажирале адвокатска фирма од Кејп Таун, од каде велат дека не можат да ги лоцираат браќата и дека случајот го пријавиле на т.н. „Орли“, елитната единица на националната полиција на Јужна Африка, пренесува Индекс.

На потег регулаторите, се поголем е бројот на измами од овој тип

По зголемувањето на вредноста на биткоинот во изминатата година, исчезнувањето на околу 69 илјади биткоини – вредни повеќе од четири милијарди долари на својот врв – би биле најголемите изгубени пари некогаш во измама со криптовалути.

Овој инцидент може да ги поттикне напорите на регулаторите ширум светот да воведат ред на пазарот среде растечките случаи на измама.

Основале компанија, измамиле луѓе и исчезнаа со скоро 4 милијарди долари

Првите знаци на проблемот се појавиле во април, кога биткоинот беше на рекордно ниво.

Извршниот директор на Африкрипт, Амер Каџи, 20 години, постар од исчезнатите браќа, ги информирал своите клиенти дека бил жртва на хакерство. Тој ги замолил да не го пријавуваат нападот кај адвокатите и властите за да го забават процесот на враќање на исчезнатите пари.

Некои скептични инвеститори не му верувале, па ангажирале свои адвокати, односно компанијата Ханеком, додека посебна група започнала процес на ликвидација против Африкрипт.

Loading…

„Веднаш се сомневавме дека нешто не е во ред, затоа што објавувањето на Африкаприп ги молеше инвеститорите да не преземаат никакви законски мерки“, велат адвокатите на Ханеком.

Парите исчезнале без трага, финансиските власти на Јужна Африка чешлаат сè

Понатамошните истражувања откриле дека сите пари од инвестициската компанија Африкрипт биле префрлени од сметки во Јужна Африка и паричници (wallet – место каде што се чуваат криптовалути) и дека биле префрлени преку мешавина од различни други криптовалути за да им се отежне влегувањето во трага.

На повик на мобилниот телефон на Каџи се јавувала секретарката. Тој и неговиот брат Реес (19) го отвориле Африкрипт во 2019 година и првично им понудиле на своите клиенти огромна заработка од нивната инвестиција – до десет проценти. Повиците кон мобилниот телефон на Реес исто така завршувале на телефонската секретарка.

Ова може да биде најголемиот случај на измама со крипто-валути во светот

Ова, сепак, не е прв случај на измама од ваков вид во Јужна Африка. Минатата година пропадна Mirror Trading International, компанија што тргуваше со криптовалути.

Тогаш исчезнаа околу 23 илјади криптовалути во вредност од околу 1,2 милијарди долари, што беше наречено најголема измама во 2020 година во светот на криптовалутите.

Досега, исчезнувањето на парите на Африкрипт е дури трипати поголемо.

Случајот со Африкрипт го водат и јужноафриканските финансиски власти, но во моментов е невозможно да се отвори официјална истрага бидејќи крипто-валутите не се сметаат за легални финансиски средства во таа земја. Полицијата исто така сè уште не го објави ова.

Кина во борба против криптовалутите

Кина има проблем и со крипто-валутите, особено во последните неколку недели, кога ескалираше нивната борба против таа форма на тргување.

Имено, бидејќи вредноста на биткоинот постепено се зајакнуваше во текот на изминатата година, Комунистичката партија на Кина сè повеќе се грижи за потенцијална измама, перење пари и загуби од страна на инвеститорите во крипто-валути.

Во Јужна Африка, дневната вредност на тргувањето со криптовалути за прв пат во јануари надмина 141 милиони долари, што укажува на значителен апетит на инвеститори на пазарот, што регулаторните тела обично не го контролираат, заклучува Блумберг.