На 22.06.2022 се одржа големото отворање на проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, којшто се спроведува од страна на Центарот за истражување и креирање политики во соработка со партнерските организации од БиХ – @Centar za promociju civilnog društva и Албанија – IDM Albania, финансиски поддржан од 🇳🇴 Министерство за надворешни работи на Кралството Норвешка во износ од 17 милиони ЕУР.
🗣 „Граѓанското општество е еден од партнерите на кои што најмногу му веруваме и за задоволство ве информирам дека денеска го покренуваме нашиот нов механизам за финансирање во наредните четири години, до крајот на 2025 година. Норвешката влада само за оваа програма издвои 17 милиони евра што ја прави една од најголемите програми на Норвешка во регионот. „Добро управување и „безбедност и стабилност“ се истакнуваат како стратешки приоритети на Норвешка во С. Македонија. Да бидеме поконкретни, сакаме да придонесеме кон зајакнување на партиципативната демократија и евроатлантските интеграции преку омоќување на граѓанското општествo за да има посилна и поактивна улогa во создавањето на мирољубиви и инклузивни општества за одржлив развој.“ – Н.Е. Јорн Гјелштад, Амбасадор на Кралството Норвешка во Србија, Црна Гора и С. Македонија
ℹ За повеќе информации посетете ја веб страницата https://smartbalkansproject.org/