Поради кршење на одредбите за приватност на децата на Јутјуб, Гугл ќе мора да плати казна од 170 милиони долари.

Гугл се согласи да плати рекордни 170 милиони долари парична казна за да се ослободи од обвиненијата дека Јутјуб го прекршил Законот за заштита на приватноста на децата со свесно следење и продажба на реклами насочени кон децата, соопшти денес Сојузната комисија за трговија на САД.

Јутјуб е во сопственост на Гугл.

Според Си-Ен-Ен, со спогодбата  е одредена  најголема казна досега според законот што го прекршил ЈуТјуб и собирал податоци за деца корисници. Водечката светска видео платформа не добила дозвола од родители на деца под 13-годишна возраст за собирање на нивните податоци.

Судска постапка е поднесена против Јутјуб од групи активисти кои се борат за приватност на Интернетот. Ова е најголемата казна досега кога станува збор за приватност на децата.