Граѓаните кои доаѓаат да работат во Европската унија од други земји често имаат повеќе квалификации отколку граѓаните на земјата за којашто дошле да работат, покажа истражувањето на работната сила на Еуростат.

Процентот на преквалификуваност во ЕУ во текот на 2020 година кога станува збор за државјани на земји кои не се членки на ЕУ е 41,4 проценти, за странците од земјите членки на ЕУ 32,3 проценти, додека во случај на домашна работна сила, процентот на преквалификуваност е само 20,8 проценти.

Најголем број на работници надвор од ЕУ со повисоки квалификации од граѓаните од земјите-членки на ЕУ минатата година имало во Грција (71,6 проценти), по што следат Италија, Шпанија и Кипар. Овие три земји имаат најголем број преквалификувани работници од земјите -членки, додека домашните работници со подобри квалификации се најзастапени во Шпанија, 34,5 проценти, потоа на Кипар, каде што има 30,5 проценти, и Грција, 30,4 проценти.

Почесто, жените имаа повеќе квалификации од мажите, покажа ова истражување на работната сила, без оглед дали се работи за домашни или странски работници. Процентот на преквалификуваност е поголем кај повозрасната популација отколку кај помладата, со фактот дека во случај на странски државјани овој процент е поголем во категоријата од 35 до 64 годишна возраст, додека кај оние од 20 до 34 години процентот на преквалификувани е повисок кај домашното население.