Граѓаните платиле над 13 милиони евра за издавање пасош во итна постапка од 1 септември 2023 до 15ти март годинава. Според анализата на БИРН која е врз податоци добиени од МВР речиси една третина од вкупно примените барања за пасоши се по итна постапка. Со други зборови, тоа значи дека околу 74 проценти од примените барања биле за издавање пасоши во редовна постапка, а приближно 26 проценти во итна постапка (132.948).

Издавањето на пасош по итна постапка чини 6.200, односно 6.400 денари, а тоа значи дека за нешто повеќе од половина година, граѓаните за итно да добијат пасош платиле приближно 13,4 милиони евра.

Најмногу пасоши во итна постапка биле побарани во февруари годинава – 36.100.