Градежна комора: Цените на становите ќе надминат 2.000 евра по квадрат. Причина за забрзаниот раст на цените има повеќе, но главно е дека растат цените на материјалите за работа. Според пресметките на комората, градежните материјали се поскапени за 80%, а се поголем проблем претставува и нивната набавка заради пандемијата. За градежните фирми и работната сила станува се поскапа.

Високата цена на метар квадратен во централното градско подрачје во Скопје ја диктира и недостигот на станови затоа што многу се купува во услови кога малку се гради.

Градежниците велат дека иако секторот не бил директно погоден од пандемијата, не останал имун на кризата заради поврзаноста со другите гранки. Во текот на 2020 градежништвото паднало за 2,1%, но негативниот тренд продолжил и годинава.