Граѓаните чекаат до последен момент за да пријават данок. Уште 170.000 граѓани заклучно со четврток кога е и крајниот рок треба да ги достават достават своите годишни даночни пријави до шалтерита на Управата за јавни приходи.

До петокот данок пријавиле 235.258 граѓани од кои најмногу се во Скопје. Иако УЈП некојлку месеци ги повикува граѓаните на време да си ги поднесат даночните пријави, сепак навиките на граѓаните не се менуваат и тие го чекаат последниот ден за да го направат тоа.

За оние кое ќе задоцнат или го испуштат законскиот  рок даночните власти предупредуваат дека ќе има казни од 500 до 1.000 евра.

Ова е последен пат граѓаните да имаат обврска да доставуваат годишни даночни пријави. Од следната година тоа ќе го прави УЈП.