Не пропуштајте, во периодот од 14.10 до 31.12 можете да станете милионер едноставно користејќи во трговија некоја од VISA кредитните и дебитните картички издадени од Стопанска банка.

Наградната игра ќе се состои од неделни извлекување од сите трансакции направени во претходната недела со Visa кредитните и дебитните картички, а сите недобитни трансакции од претходните извлекувања влегуваат во извлекувањето за главната награда на крајот на кампањата.

Во склад со одбележување на 75 години од основањето на Банката, наградите од секое неделно извлекување изнесуваат 75.000 денари додека главната награда изнесува 1.000.000 денари.

Со секоја трансакција во трговија во текот на една недела имате можност за добивка во неделното и главното извлекување, додека пак трансакцијата во електронската трговија (е-commerce) ќе се смета како двојна шанса со што имате поголема можност за добивка во неделното и извлекувањето за главната награда. Трансакциите за подигнување на готовина не се вклучени во наградната игра.

Наградната игра важи за постоечки и нови Visa кредитни и дебитни картички издадени од Стопанска Банка (освен Visa Business).

 

Официјалните правила за наградната игра се достапни на веб страницата на Банката. Објавата на неделниот добитник ќе биде на веб страницата на Банката во делот НОВОСТИ на денот на извлекувањето а во продолжение е распоредот на извлекувањата:

– 25.10

– 01.11

– 08.11

– 15.11

– 22.11

– 29.11

– 06.12

– 13.12

– 20.12

– 27.12

– 10.01.2020 Главно извлекување