Буџетската дисциплина й овозможи на Атина да избегне уште едно намалување на пензиите планирано за 2019 година.

Дългът на Гърция през 2017 г. е бил в размер на 176,1% от БВП

Долгот на грчката влада во 2017 година се проценува на 176,1 отсто од БДП – помалку од првичните проценки објавени во април, поради зголемениот раст од проектираниот минатата година, објави денеска националното статистичко бирo.

Минатата недела националната канцеларија за статистика ја ревидираше својата првична проценка на растот на БДП во 2017 година – од 1,4 на 1,5 отсто наспроти 2016 година
Како резултат на тоа, проценката на долгот беше ревидирана надолу од априлската првична проценка, која изнесуваше 178,6 отсто од БДП.

Сепак, грчкиот долг останува на 317,4 милијарди евра. Поради тоа кредиторите на земјата (еврозоната и ММФ) и наметнуваат строга буџетска дисциплина – до 2060 година, според условите на договорот меѓу Грција и кредиторите.

Ревидираните проценки на националната статистичка служба ја потврдуваат обновата на земјата, која се реализира во 2017 година со буџетски суфицит од 0,8 проценти од БДП, што ги надминуваат целите поставени од кредиторите.
Сепак, вишокот на примарниот буџет беше малку ревидиран надолу до 3,9 отсто од БДП, наспроти нивото од 4 проценти во април.

Буџетската дисциплина и овозможи на Атина да избегне последователно кратење на пензиите, предвидено за 2019 година Премиерот Алексис Ципрас објави во саботата одобрение дадено од страна на Европската комисија, за намалувањето на оваа мерка, првично наметната на Атина.